Свет 27. декември 2019. / 13:17

Мнозинството Украинци се за влез во ЕУ, многу помалку за Евроазиска Унија

Мнозинството Украинци се за влез во ЕУ, многу помалку за Евроазиска Унија

Последното истражување на јавното мислење на граѓаните на Украина покажува дека речиси две третини поддржуваат членство во Европската Унија, а нешто повеќе од десет отсто сакаат унија со Русија, пишува украинската агенција Униан.

Вкупно 64 отсто од Украинците се за членство во ЕУ, а само 13 отсто за членство во руската Евроазиска Унија.

Ова претставува раст од седум процентни поени во однос на декември 2014 кога почна бунтот во Украина. Тогаш 57 отсто поддржувале влез во ЕУ, додека 16 отсто биле за Евроазиската Унија.

Истражувањето покажува дека постојат силни регионални разлики, па така во западна Украина поддршката за ЕУ е 90 отсто, 70 отсто во централна Украина, 44 отсто во југот на земјата, додека на истокот разликата меѓу про-ЕУ и про-руските поддржувачи е 43 спрема 23 отсто.