Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) предупреди за можна “економска бура”, со оглед дека развојот на глобалната економија не ги исполнува очекувањата.
-Проблемот е што гледаме дека економијата се развива многу побавно отколку што очекувавме-, рече директорката на ММФ Кристин Лагард.
Минатиот месец ММФ ја намали прогнозата за раст на глобалната економија за оваа година од 3,7% на 3,5%.
Според Лагард, “четири облаци” се главните фактори кои ја поткопуваат глобалната економија и можат да ја донесат бурата.
-Меѓу овие ризици се тензиите во трговијата и воведувањето на санкции, финансиски проблеми, несигурност од исходот на Брегзит и забавување на кинеската економија- рече Лагард.
Таа истакна дека трговските тензии, главно во форма на спор околу царините меѓу САД и Кина, веќе имаат глобално влијание.
Лагард ги истакна ризиците од се поголемените трошоци од позајмување од страна на владите, компаниите и домаќинствата.
-Кога има премногу облаци, потребно е само еден удар на гром да предизвика бура-, додаде Лагард.