Состаноците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка во април во Вашингтон , на кои обично има десетици илјади учесници, годинава ќе се одржат во виртуелен формат.
Откажувањето на вообичаените самити е заради коронавирусот, објавија официјалните претставници на двете институции во заедничко соопштение.
„Како што расте загриженоста од ширењето на вирусот, администрациите на ММФ и Светската банка и нивните управни совети се согласија да одржат виртуелни пролетни самити 2020 година“, стои во текстот на кој се потпишани генералниот директор на ММФ, Кристалина Гоергиева и Дејвид Малпас, претседател на Светската банка.
Двајцата лидери истакнаа „длабока загриженост за развојот на епидемијата од коронавирус и човечката трагедија што ја придружува“.
За време на овие состаноци, ММФ и Светската банка ќе ги објават и презентираат предвидувањата за глобалниот економски раст.
Делегации од институциите-членки, бизнисмени и новинари ќе учествуваат на бројни прес-конференции, семинари и дискусии на повеќе теми, но во виртуелен формат.
Како дел од овие настани ќе се одржи и состанокот на Г20.