Свет 30. октомври 2019. / 13:58

Млада Индијка се самоубила затоа што на сопругот не му се допаѓал тенот на нејзината кожа

Млада Индијка се самоубила затоа што на сопругот не му се допаѓал тенот на нејзината кожа

Една 21-годишна жена во Индија наводно извршила самоубиство затоа што нејзиниот сопруг постојано и забележувал поради темниот тен на кожата.

Полицијата во индиската држава Раџастан покренала истрага против сопругот, откако таткото на девојката пријавил дека тој е виновен за нејзиното самоубиство, затоа што постојано ја понижувал поради бојата на кожата. Засега сопругот не е уапсен.

Ова не е првпат во Индија некоја жена да изврши самоубиство поради бојата на кожата, затоа што многу Индијци сметаат светлиот тен е подобар од темниот.

Една жена во 2014 година изврши самоубиство затоа што нејзиниот маж постојано и се смеел поради бојата на кожата, а минатата година 14-годишна ученичка се уби затоа што врсниците од одделението и се потсмевале и ја нарекували со погрдни имиња затоа што била „темна“.

Како што наведуваат медиумите, сите тие инциденти укажуваат колку е опасна опседнатоста на Индијците со бојата на кожата.

Девојките со потемна боја на кожа најчесто од мали се изложени на потсмев во училиштата, на игралиштата, па дури и дома меѓу роднините коишто имаат посветол тен.