Руската полиција трага по убиец на млади девојки,чии тела ги остава во куфери во Москва. Стравот порасна откако за период од неколку недели полицијата пронашла две тела на мртви девојки во истата област во Москва. Засега нема осомничен за убиствата.
На 31 август, жителите на југозападна Москва пронајдоа куфер со мртво тело на улица, објави Централната истражна служба на Москва (ЦИДМ). Според одделот, телото на една 18-25 годишна жена било пронајдено во куфер без видливи повреди кои би укажале на причината за смртта. Полицијата започна истрага за случајот.
Ова беше вториот куфер што беше пронајден во август во овој дел од Москва со тело на млада девојка.Претходниот беше пронајден на 8 август во Парк Воронцовски, исто така, со женски труп без видливи повреди на него.Според руските медиуми, ЦИДМ не исклучува дека двата случаи би можеле да бидат поврзани. Полицијата не ја открива причината за смртта на жртвите, ниту пак нивниот идентитет.
Растат стравувањата во Москва бидејќи убиецот на девојките е се уште на слобода. Според медиумите, голите тела на девојките биле пронајдени во стари црни куфери, кои биле оставени на улица.
Велосипедист го пронашол последниот куфер во петокот во близина на голем трговски центар во Љублино, во југоисточна Москва. Сппред извештаите жената била гола, но немало знаци на насилна смрт или силување.
,,Таа се верува дека е на возраст меѓу 18 и 25 години и има карактеристична тетоважа на круна на грбот”, информираат надлежните.
На 8 август, голо тело на млада жена беше пронајдено во црн куфер во близина на игралиштето во паркот Воронцовски во југозападна Москва. Јулија Иванова, службеник во Истражниот комитет, изјави дека не се пронајдени видливи телесни повреди на трупот.
,,Во моментот се истражуваат сите можни верзии. Некои очигледни поклопувања во слушаите, секако се алармантни “, велат полициски извори во Москва.