Германија е на почетокот на епидемијата на новиот корона вирус, бидејќи новите случаи на инфекција во државата не можат да се следат до првобитниот извор во Кина, соопшти германскиот министер за здравство Јенс Шпанс.
Појавата на пет нови случаи на коронавирус во западниот и јужниот дел на Германија, со кои инфицираните во државата стануваат околу 20, значи дека болеста влегува во нова фаза, рече министерот.
-Синџирите (за пренесување) на инфекцијата веќе делумно не можеме да ги следиме и ова е нешто ново, рече Шпан.
Според него, голем број луѓе биле во контакт со пациенти и ова е „голема промена“ во споредба со досегашните 16 пациенти, во кои „синџирот би можел да се проследи назад кон изворот во Кина“.
Министерот ги повика луѓето да не паничат, сепак, и истакна дека „не секоја кашлица е случај на коронавирус“. Според него, во болниците во Германија има доволно изолатори ако треба да бидат примени голем број на пациенти.