Свет 27. август 2018. / 11:09

Министерот за надворешни работи на Германија: Треба да се преиспита партнерството со САД

Министерот за надворешни работи на Германија: Треба да се преиспита партнерството со САД

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, рече дека е време да се преиспита партнерството со САД на „трезен и критичен начин”.

Министерот за надворешни работи изјави дека во следните неколку недели ќе излезе со план за нова надворешна политика на Берлин кон САД, според ДПА. Тој додаде дека планира да ја користи манифестацијата „Годината на Германија во САД”, која започнува на 3 октомври, за да промовира нова политика.

„Време е повторно да се преиспита трансатлантското партнерство на трезен, критички, па дури и самокритички начин”, рече Мас.

Мас претходно се залагаше за силна и независна Европа, која треба да биде „противтежа” на САД секогаш кога Вашингтон ќе ја „помине црвената линија“.