Свет 11. март 2020. / 10:28

Министерката за здравство на Велика Британија заразена со Ковид-19

Министерката за здравство на Велика Британија заразена со Ковид-19

Министерка за здравство на Велика Британија, Надин Дорис e првата пратеничка на која и беше дијагностициран коронавирус, предизвикувајќи загриженост за потенцијалното ширење на болеста во Вестминстер, па дури и Даунинг стрит, каде што присуствуваше на приемот минатата недела. Идентитетот на лицето коешто ја заразило министерката не е познат.

Фокусот сега е ставен на пронаоѓање и тестирање на потенцијално стотици луѓе со коишто Дорис била во контакт изминатата недела, како во парламентот, така и во Министерството за здравство.

На социјалните мрежи се огласи и министерката која се заблагодари на желбите за оздравување, но напиша дека повеќе се грижи за својата 84-годишна мајка и дека сега се чувствува подобро.

И покрај околностите, за сега не постои план Парламентот да биде суспендиран.