Свет 20. август 2018. / 11:17

Министерка со велосипед отишла во болница да се породи

Министерка со велосипед отишла во болница да се породи

Министерка од Нов Зеланд со својот велосипед тргнала во болница да се породи.

Триесетиседумгодишната министерка за жени Џулија Ане Гентер, живее за она што се бори. Таа е позната како борец за рамноправност, човекови права и користење на „зелен“ превоз.

Министерката вчера возела еден километар од својот дом во Аукланд до болницата. Според НДТВ, Гентер сеуште се нема породено.

Гентер е функционерка од Зелената партија на Нов Зеланд, а покрај тоа што е министерка за жени, таа ја врши функцијата и помошник министерка за транспорт, како и помошник министерка за здравство.