Најмалку 20 луѓе ги загубија животите, а околу 16 се повредени откако преполн минибус паднал во бездна во индискиот дел на Кашмир. Ова го соопшти локалната полиција која констатирала дека во минибусот кој бил со 22 седишта, имало најмалку 36 патници што е над дозволеното.
Возачот веројатно загубил контрола поради механички дефект, по што трагедијата била неизбежна.