Свет 29. јуни 2018. / 20:36

Мигрантите од Германија се враќаат во Грција и Шпанија (ФОТО + ВИДЕО)

Мигрантите од Германија се враќаат во Грција и Шпанија (ФОТО + ВИДЕО)

На самитот на ЕУ постигнат делумен договор околу мигранцијата…

Германија постигна договор со Шпанија и Грција за враќење на мигранти кои се регестрирани во тие две земји, додека со Италија нема договор.Германската канецеларка Меркел на крајот на самитот на ЕУ во Брисел рекла дека владите на Атина и Мадрид се расположени повторно да примат мигранти дирктно од германската граница, пренесуваат германските медиуми.


Со двете земји се уште ќе се разговара за тоа како може да им се помогне кога станува збор за прифаќење на мигрантите, им рекла а новинаите.Од друга страна, италијанскиот премиер Џузепе Конте, потврдил дека договорот за миграција не предвидува Италија да ги прими назад мигрантите кои отишле во Германија, пренесува АП.

“Не потпишав никаков пособен договор со Меркел за враќање на мигранти”, рекол Конте на новинарите во Брисел.Меркел оценила дека денешниот договор на самитот на ЕУ за миграцијата е решителен чекор во правец на заедничката европска политика за азил.

“Ова што го постигнавме овде е веројатно пoвеќе од што очекував. Не сме на крај од патот”, рекла Меркел додавајќи дека е убедена ЕУ е се поблиску до можноста за европско решавање за мигрантската криза.

Меркел најавила дека за резултатите од самитот ќе разговара со своите коалициони партнери кои и поставиле ултиматум што побрзо да најде решение за миграцијата.