Свет 28. јули 2018. / 17:17

Мигранти ги изненадиле капачите во Тенерифе

Мигранти ги изненадиле капачите во Тенерифе

Капачи на плажата Дел Кануело на Тенерифе во Шпанија биле затечени кога на брегот се истовариле од гумен чамец педесетина мигранти.

На големо изненадување на затечените капачи, мигрантите откако искочиле од чамецот се разбегале кон блиската шума. Настанот се случил вчера и бил снимен од присутните туристи.