Али Башар е обвинет за силување и убиство на 14 годишно девојче од Германија. Тој по убиството избегал во северен Ирак.
Тој се товари и за силување 11 годишно девојче во април минатата година , кое го заклучил во неговата соба, како и за уште едно силување следниот месец на паркинг во близина на супермаркет.
Кривична пријава е поднесен и против Авганистанецот Мансур К., за кого полицијата се сомнева дека во исто време со Ирачанецот го силувал 11 годишното девојче.
Помладиот брат на Башар, кој се крие во Ирак пред германските итражители исто така се товари за силување млада девојка.
21- годишниот Башир стигнал во Германија во 2015 заедно со семејството, а неговото барање за азил било одбиено во 2016. Поради поднесени жалби, ја одложувал депортацијата од Германија.