Воен авион „Миг-29М“ се урна за време на тренинг лет во Египет, објави „Спутник“.
Претходно, руски медиуми објавија дека авионот е уништен.
„Спутник“, исто така, соопшти дека леталото од руско производство влегло во составот на египетската армија во текот на годинава.
– Имаме оперативни податоци за падот на египетскиот миг-29М. Во блиска иднина, нашите експерти ќе одат во Египет за да помогнат во истрагата за инцидентот – соопшти руската компанија за производство на воздухоплови.
„Комерсант“ објави дека пилотот успеал да се катапултуира пред авионот да се урне.
Во последниот месец имаше уште еден пад на авион „Миг-29М“, кој се урна во близина на Москва за време на обука, а причината за неговиот пад и натаму не е позната.