Свет 31. декември 2019. / 10:23

Меркел во новогодишната порака побара борба против климатските промени

Меркел во новогодишната порака побара борба против климатските промени

Во својата новогодшна порака, германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека со сета сила се бори против климатските промени за да им овозможи на идните генерации да живеат во мир и просперитет.

– Глобалното загревање е реално. Тоа е закана – изјави Меркел во снимениот говор што ќе биде емитуван вечерва.

Меркел додаде дека растот на светските температури и проблемите предизвикани од глобалното затоплување ги создале луѓето.

– Значи, мораме да направиме се што е во човековата моќ за да го надминеме овој човечки предизвик. Тоа е се уште можно. Имам 65 години и сум во возраст во која јас лично веќе нема да ги доживувам сите последици на климатските промени што ќе се случат доколку политичарите не преземат нешто. Нашите деца и внуци мора да живеат со последиците на тоа што го правиме или не правиме денеска. Затоа ја користам сета сила Германија да го обезбеди својот придонес – еколошки, економски, општествен – климатските промени да се доведат под контрола – истакна Меркел.

Канцеларката ги повика Германците да размислат како да се носат со предизвиците што произлегуваат од глобалното затоплување.

– За тоа да се постигне, потребна ни е храброст да размислуваме на нов начин од било кога претходно, сила да се напуштат познатите патишта, подготвеност за испробување на нови нешта и одлучност делата да се забразаат, уверени дека необичното може да успее – и мора да успее доколку сакаме генерациите на денешните млади луѓе и нивните потомци и натаму да бидат во состојба да живеат добро на Земјата – заклучи Меркел