Свет 12. јануари 2021. / 12:44

Меркел вели дека се потребни уште осум до 10 недели остри мерки

Меркел вели дека се потребни уште осум до 10 недели остри мерки

Германската канцеларка Ангела Меркел пред пратениците во нејзината конзервативна партија изјави дека очекува ограничувачките мерки во Германија да бидат на сила до почетокот на април, наведува германски „Билд“.

Таа предупреди дека ако не успеат да го запрат британскиот вирус, тогаш може да се појават 10 пати повеќе случаи до Велигден.

-Ни требаат уште осум до 10 недели остри мерки, ја цитираше „Билд“ германската канцеларка.