Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека состојбата со пандемијата во Германија е драматична и опасна.
Според неа, сегашните мерки против ширење на коронавирусот не се доволни и постои опасност од преоптоварување на одделенијата за интензивна нега во болниците. Меркел и нејзиниот шеф на кабинет Хелге Браун му се обратија на врвот на ЦДУ со драматичен апел дека секој ден во борбата против коронавирусот е одлучувачки.
–Овој раст мора да се запре. Ситуацијата е многу драматична, изјавила Меркел, пренесува „Билд“.
Бројот на новоинфицирани лица во Германија сега се зголемува двојно за една недела, што покажува дека нема забавување на епидемиолошкиот развој..