Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека е „проблематично“ да се блокира налогот на американскиот претседател Доналд Трамп на неколку социјални мрежи, вклучувајќи го и Твитер, изјави денес нејзиниот портпарол.
Твитер трајно го блокираше твитер налогот на Трамп во петокот, објаснувајќи го таквиот потег како „ризик од понатамошно поттикнување на насилство“ по упадот на приврзаниците на претседателот во заминување во зградата на Американскиот конгрес.
JUST IN: Merkel says it is ‘problematic’ for Twitter to ban Donald Trump’s account
— The Spectator Index (@spectatorindex) January 11, 2021
Можно е да се интервенира во слободата на изразување, но според ограничувањата дефинирани со законите, а не според одлуката на управата на една компанија“, рече на прес-конференцијата портпаролот на Ангела Меркел, Стефан Зајберт, пренесува агенцијата Франс Прес.
-Гледано од тој агол, канцеларката смета дека е проблематично што налозите на американскиот претседател сега се трајно блокирани, рече тој.
Зајберт рече дека операторите на платформите на социјалните мрежи „носат голема одговорност да обезбедат политичката комуникација да не биде затруена од омраза, лаги и поттикнување на насилство“. Тој рече дека е правилно да се „покаже растојание“ кога се објавува ваква содржина, и како пример изјави дека таквата содржина може да биде обележана со знак за предупредување, пренесува АП.
Но, Зајберт додаде дека слободата на мислење е фундаментално право и од „елементарно значење“.
-На ваквите основни права не може да се интервенира, освен во согласност со законот и во рамките дефинирани од законодавците, а не според одлуката на управата на платформата за социјална мрежа, рече тој пред новинарите во Берлин.
Во четвртокот, социјалната мрежа Фејсбук ја блокираше сметката на Трамп до 20 јануари, датумот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател eо Бајден, а можеби и на неодредено време.
Ангела Меркел нема профил на Твитер, но Зајберт има, како и многу германски министри.