Свет 05. јануари 2021. / 13:16

Меркел разговарала со Путин за заедничко производство на вакцини

Меркел разговарала со Путин за заедничко производство на вакцини

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа за можностите за заедничко производство на вакцини против коронавирус, соопшти прес-службата на Кремљ.

Тие разговараа за сродни прашања поврзани со борбата против пандемијата на коронавирус, а особено за можностите за заедничко производство на вакцина. Постигнат е договор за продолжување на контактите за тоа прашање на ниво на министрите за здравство на двете земји и други специјализирани служби, се вели во соопштението на Кремљ, пренесува ТАСС.