Германската канцеларка Ангела Меркел денеска одржа говор на Парискиот мировен форум што го организира францускиот претседател Емануел Макрон, по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна.
Меркел ги повика светските лидери да го промовираат мирот избегнувајќи изолационизам и да ги поддржуваат меѓународните организации.
– Првата светска војна ни покажа како изолационизмот може да биде деструктивен. Ако беше лошо пред сто години, што би било сега ?, истакна Меркел.
– Мораме да се грижиме, да го заштитиме и да го продолжиме тоа што беше воспоставено по светските војни, рече таа и додаде дека Обединетите нации „ја заслужуваат сета наша поддршка“.