Ниту еден предизвик не бара таква солидарност од Германците по крајот на Втората светска војна како сегашната пандемија, порача гернамнската канцеларка, Ангела Меркел, во првото телевизиско обраќање до нацијата по избивањето на пандемијата на корона вирус.
Таа рече дека вирусот драматично ги менува животите, но е цврсто убедена дека ќе проблемот ќе биде решен доколку навистина сите граѓани го прифатат како свој проблем.
-Нашите идеи за нормалност, социјален живот, социјална кохабитација – сето ова е ставено на тест како никогаш досега, истакна Меркел.
Поради таа причина, дозволете ми да ви кажам дека ова е сериозно. Сфатете го сериозно. Од повторното обединување на Германија, не, од Втората светска војна не постои таков предизвик кај нас што би барал наша заедничка солидарност, нагласи канцеларката.
-Постојат многу истражувања низ целиот свет, но засега нема ниту коронавирусна терапија, ниту вакцина, рече Меркел.
Додека е тоа така, треба да се стори само една работа – да се забави ширењето на вирусот, да добиеме на време, рече канцеларката. Според неа, треба да се ограничи социјалниот живот колку што е можно повеќе.
-Ние мора да избегнеме се што може да ги загрози луѓето, се што може да му наштети на поединецот и на општеството, рече Меркел.
Таа ја потенцира важноста да се ограничи движењето на луѓето за да се запре ширењето на болеста.
-Следните недели ќе бидат уште потешки, рече канцеларката. Меркел потсети дека „милиони не можат да одат на работа, децата не одат на училиште или градинка, театри, кина, продавниците се затворени“.
И најлош дел е – на сите ни недостасува комуникација. Ова е ограничување што никогаш не постоело во Германија, нагласи канцеларката.