Пандемијата на коронавирусот дополнително ќе го промени глобалниот однос на силите во корист на азиските земји, оцени денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
–Пандемијата економски ќе не уназади. Има извесно економско закрепнување во азиските земји, како Кина и Јужна Кореја, во кои граѓаните дисциплинирано носеа маски и помалку демонстрираа против владините мерки, предупреди Меркел на видео-седницата на германската Влада.
Таа порача дека Германија нема намера да ги контролира своите граѓани на начин како што тоа го прави Кина, но, додаде, мора да се направат дополнителни напори за да се следи чекор со технолошкиот развој, пренесоа британските медиуми.
Германската полиција минатиот месец употреби водени топови и употреби солзавец за да растера илјадници демонстранти, кои протестираат против воведувањето рестриктивни мерки во Берлин.
На денешната видео седница на германската Влада, министерот за здравство Јенс Шпан соопшти дека вакцинацијата против коронавирусот во Германија ќе почне во јануари следната година.