Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека нема да се меша во изборот на нејзин наследник на чело на Христијанско демократската партија (ЦДУ), откако Анегрет Крамп-Каренбауер објави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата.
– Реков дека нема да се мешам во тоа кој ќе ја води ЦДУ во иднина или кој ќе биде кандидат за канцелар – порача Меркел.
Крамп-Каренбауер минатата недела изјави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата и се откажува од амбицијата да стане нов канцелар на Германија.