Свет 28. септември 2018. / 12:57

Меркел: Не планирам да ја напуштам канцеларската функција

Меркел: Не планирам да ја напуштам канцеларската функција

Наспроти сите критики, германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли можноста порано да си замине од функцијата.

„Жива и здрава сум, и планирам да продолжам со својата работа“ изјавила Меркел во интервју за „Аугзбургер алгемајне“.

Германската канцеларка повторно ги отфрли барањата на опозицијата за изгласување недоверба и најави дека во декември повторно ќе се кандидира за лидер на партијата.

Меркел, која е канцеларка од 2005 година, последните недели е под големи притисоци, поради смената на шефот на германската разузнавачка служба, Ханс Георг Масен.

Таа упати јавно извинување минатата недела, признавајќи дека во тој случај направила грешка.