Свет 20. февруари 2020. / 13:55

Меркел: Напаѓачот кој уби девет лица беше „отруен од расизам“

Меркел: Напаѓачот кој уби девет лица беше „отруен од расизам“

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска рече дека доказите упатуваат на тоа дека напаѓачот кој уби девет лица во германскиот град Ханау бил „отруен од расизам“.

Расизмот е отров. Омразата е отров. И таа омраза постои во нашето општество, рече Меркел.

Зборувајќи во Берлин денеска, само неколку часа по пукањето, кацеларката рече дека владата ќе ја искористи целата своја моќ за да се бори против тоа што ја дели Германија.