Свет 09. јуни 2018. / 20:41

Меркел: Лидерите на Г-7 со заедничка позиција за трговијата

Меркел: Лидерите на Г-7 со заедничка позиција за трговијата

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека лидерите на групата Г-7 се согласиле за заедничка позиција за трговијата, иако се уште постојат несогласувања меѓу нив.

– Јас се водам од принципот дека ние ќе имаме заеднички текст, нагласи Меркел во рамките на Самитот на Г-7 во Ла Малбе, потенцирајќи дека тоа не ги решава проблемите во целост.

– Ние имаме различни мислења со САД, додаде Меркел.