Свет 08. јануари 2020. / 12:10

Меркел и Трамп разговарале за Иран, Ирак и Либија

Меркел и Трамп разговарале за Иран, Ирак и Либија

Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале за „напнатата ситуација во врска со Иран и Ирак“, соопшти портпаролот на германската влада Стефан Зајберт.

Како што информира Зајберт, Трамп и Меркел размениле мислења и за актуелната ситуација во Либија и политичките напори за решавање на конфликтот во таа земја.