По средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Москва, рускиот претседател Владимир Путин, на заедничката прес конференција, истакна дека е време за оддржување мировни преговори за Либија во Берлин, затоа што, како што потенцира Путин, многу е важно да заврши судирот во оваа земја.
Путин изјави дека во Либија е поткопана регионалната стабилност, а тоа има негативен ефект и врз Европа.
Рускиот претседател ја поддржа иницијативата на Меркел – Меѓународната конференција за Либија да се одржи во Берлин.
Меркел, од своја страна, изјави дека Германија наскоро планира да испрати покани за мировните преговори во Либија. Таа додаде дека верува дека Турција и Русија можат да успеат во иницијативата за прекин на огнот во оваа земја.
Кога станува збор за Иран, Меркел оцени дека прифаќањето на одговорноста за уривањето на авионот е првиот чекор во решавање на последниот конфликт на ова подрачје.
Двајцата лидери, исто така, го поддржаа натамошното почитување на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година.