Свет 28. декември 2018. / 17:30

Меркел и Макрон до Русија: Ослободете ги украинските морнари!

Меркел и Макрон до Русија: Ослободете ги украинските морнари!

Германската канцеларка и претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска побараа од Русија да ги ослободи украинските морнари кои ги зароби заедно со три бродови минатиот месец.

– Ние бараме безбеден, слободен и непречен транзит за сите бродови низ Керченски Проток и итно и безусловно ослободување на сите нелегално притворени украински морнари – се наведува во заедничкото соопштение на Меркел и Макрон.

Русија минатиот месец заплени три украински бродови со екипажите истакнувајќи дека навлегле во руски територијални води, а Украина негира.