Свет 05. септември 2018. / 15:36

Меркел го поддржа лидерот на ЕПП за претседател на Европската комисија

Меркел го поддржа лидерот на ЕПП за претседател на Европската комисија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, го поддржа лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, во неговата желба да го наследи Жан Клод Јункер за претседател на Европската комисија. Изборот треба да биде следната година.

„Мораме да чекаме до последната номинација”, рече Меркел, додавајќи дека сè уште има многу чекори пред Вебер да стане следниот претседател на Европската комисија, објави „Ројтерс“.