Свет 15. септември 2018. / 17:42

Меркел: Германските војнци имаат проблем со руска хибридна војна во Литванија

Меркел: Германските војнци имаат проблем со руска хибридна војна во Литванија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во петокот Берлин ги зајакнува воените кибер-способности за да одговори на руската хибридна војна која е насочена кон германските трупи распоредени на источната граница на НАТО, пренесува „Локал“.

„Тука сте соочени и со ситуација што претставува друг дел од руската воена доктрина: идејата за хибридна војна”, изјави таа пред германските трупи стационирани во Литванија како дел од силите на НАТО распоредени да ја одвратат Русија.

Сојузниците на НАТО ја обвинија Русија за употреба на техники за хибридна војна, вклучувајќи ги и субверзијата, пропагандата и кибер-војувањето, за да го поткопаат Западот без да предизвикаат целосен воен одговор на НАТО. Русија постојано негира дека таквите напади и ја обвини Алијансата предводена од САД за провоцирање трка во вооружувањето.

„Хибридната војна не е нешто на што сме навикнати. Вие јасно го доживувате ова тука на многу специфични начини. Не за џабе формиравме во Германија специјална кибер единица во рамките на германската војска, “изјави таа без дополнително да објаснува.

Германија лани распореди повеќе од 500 војници во Литванија како дел од мисијата на НАТО за да ги охрабри источните сојузници и да ја одврати Русија. Набргу по нивното пристигнување, германските трупи беа изложени на лажни обвиненија за силување, а медиумите објавија дека Москва ги таргетирала паметните телефони на војниците на НАТО.

Стравувањата дека Русија би можела да се обиде да ги нападне поранешните комунистички држави на НАТО се зголемија по анексијата на Крим од Украина од страна на Москва во 2014 година, потег што ги испрати односите Исток-Запад на најниска точка од Студената војна. Освен Литванија, баталјони од НАТО беа распоредени и во балтичките Латвија и Естонија и во соседна Полска.