Свет 01. јули 2020. / 15:01

Меркел: ЕУ да се подготви за можен неуспех во преговорите со Велика Британија

Меркел: ЕУ да се подготви за можен неуспех во преговорите со Велика Британија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека ЕУ мора да се подготви за евентуален неуспех во преговорите со Велика Британија околу новиот трговски однос.

Меркел пред Долниот дом на германскиот Парламент истакна дека преговорите треба да се забрзаат, за да може до есен да се постигне договор, кој потоа треба да се ратификува до крајот на годинава.

Меѓутоа, таа напоменува дека ЕУ треба да се подготви и за ситуација во која таков договор нема да биде постигнат.