Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека е задоволна што преговарачите успеале да дојдат до договор за брегзит, пренесе АП.
Обраќајќи им се на новинарите, Меркел рече дека на потег сега се британскиот парламент и пармалентите на останатите 27 земји членки на ЕУ да го разгледаат и потврдат договорот.
-Многу сум задоволна што имаше можност да се дојде до договор по долгите преговори кои не беа ни најмалку едноставни- рече таа.
Меркел не ги коментираше оставките на бројни министри од британската влада по постигнувањето на договорот, меѓу кои и министерот за брегзит, Доминик Рааб, во знак на протест против договорот што премиерката Тереза Меј го постигна со ЕУ.