Свет 27. август 2018. / 21:17

Меркел е против задолжителната воена служба

Меркел е против задолжителната воена служба

Германската канцеларка, Ангела Меркел не ја поддржува идејата за повторно воведување на задолжителна воена служба.

Расправата на оваа тема започнала пред неколку недели, кога секретарката на партијата CDU, Анегрет Крамп-Каренбауер започнала дебата за враќање на задолжителната воена служба, по што неодамнешните анкети покажале дека повеќето од жителите во Германија ја поддржуваат таа идеја.

“Не сакам повторно да воведеме задолжителна воена служба”, рекла Меркел, додавајќи дека опремата за воената служба се променила.

Франција исто така има во план да ја врати воената служба, и тоа во траење од еден месец.