Свет 22. октомври 2018. / 10:18

Меркел: Дури не се расветли убиството на Кашоги нема оружје за Саудиска Арабија

Меркел: Дури не се расветли убиството на Кашоги нема оружје за Саудиска Арабија

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа соопшти дека Германија нема да дозволи извоз на оружје за Саудиска Арабија додека трае неизвесноста на судбината на новинарот Џамал Кашоги.

Таа повторно го осуди убиството на Кашоги, за кое Саудиска Арабија призна дека се случило во нејзиниот Конзулат во Истанбул.

– Прво, го осудуваме овој чин на најстрог можен начин. Второ, неопходно е брзо да се разјасни што се случило – далеку сме од тоа дека случајот е разјаснет и дека извршителите одговараат за тоа што го направија, посочи Меркел.

Таа додаде дека извозот на оружје за Саудиска Арабија „нема да се случи под моменталните околности“.