Свет 13. август 2018. / 20:26

Меркел: Добро напредуваат разговорите со Грција за враќање на мигрантите

Меркел: Добро напредуваат разговорите со Грција за враќање на мигрантите

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека разговорите со Грција за враќање на мигрантити кои претходно побарале азил во земјата, напредуваат добро, а дека за слични разговори со Италија е потребно време.

Таа вели дека е подготвена ако е потребно да разговара со лидерите на Грција и на Италија, но дека сѐ уште не уште не е дојдено до тој момент.

Германија минатата недела постигна договор со Шпанија за Мадрид да ги прифати азилантите кои најпрво во таа земја аплицирале за азил, а потоа дошле до германско-австриската граница.

Тоа е симболичен, но значаен прв чекор кон примена на договорот со кој германските владејачки партии го решија неодамнешниот спор за мигрантите, кога министерот на полицијата Хорст Зехофер се закани дека еднострано ќе ги врати на граница мигрантите регистрирани во други земји.