Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за израелска телевизија изјави дека некои бегалци од Блискиот исток и други имигранти кои доаѓаат во Германија од арапските земји, имаат антиеврејски ставови.
Во интервјуто за израелскиот канал 10 News, Меркел рекла дека Германија преживува „нова појава во која бегалците и другите луѓе од арапскиот свет доаѓаат во земјата со различни антиеврејски ставови“.
Во Германија, последните недели имаше неколку напади врз Евреи, а најновиот напад се случил во вторникот во Пренцлауер Берг во Берлин кога Арап нападна младо момче кое носело еврејска капа (кип).
Меркел зборувала и за старите облици на антисемитизам во Германија и кажала дека полицијата мора 24 часа да ги чува децата Евреи, во градинките и училиштата и синагогите.