Свет 07. август 2019. / 10:52

Meксико: Украдени златни монети вредни повеќе од два милиони евра

Meксико: Украдени златни монети вредни повеќе од два милиони евра

Вo текот на вчерашниот ден, вооружени напаѓачи украле златни монети вредни повеќе од два милиони долари од државната ковачница на пари во Мексико Сити, соопштија безбедносни извори.

Две непознати вооружени лица влегле во утринските часови во ковачницата „Каза де монеда“, откако го совладале чуварот и му го одземале оружјето, се наведува во соопштението на градската полиција на Мексико Сити.

Еден од крадците потоа ја наполнил торбата со 1.567 златни монети.