Свет 31. јули 2020. / 10:20

Мексико стана трета држава според бројот на починати од Ковид-19

Мексико стана трета држава според бројот на починати од Ковид-19

Мексико стана трета земја со најмногу смртни случаи од корона вирус.

Како што објави агенцијата Франс прес врз основа на официјалните податоци, оваа централноамериканска држава ја помина границата од 46.000 починати.

Со тоа, Мексико веќе бележи поголема бројка на смртност од Велика Британија.

Двете земји најтешко погодени од бројот на починати се САД со 151.496 смртни случаи и Бразил со 90.134 смртни случаи.