Свет 20. април 2019. / 12:36

Мексико: Непознати напаѓачи убиле 13 лица за време на упад на семејна прослава

Мексико: Непознати напаѓачи убиле 13 лица за време на упад на семејна прослава

Непознати напаѓачи убиле 13 лица за време на упад на семејна прослава во Веракрус, во источниот дел на Мексико, соопштија мексичките власти.

Меѓу жртвите е и едно малолетно лице, а три лица се повредени во нападот.

Вооружените напаѓачи упаднале на прославата во потрага по лице со име „Ел Беки“.