Свет

Мексико: Најмалку 24 жртви во експлозии во фабрики за пиротехнички материјали

Мексико: Најмалку 24 жртви во експлозии во фабрики за пиротехнички материјали

Најмалку 24 лица загинале, а десетици се повредени во две експлозии вчера во погони за изработка на огномет во мексиканскиот град Тулапек.

Меѓу загинатите во вчерашните експлозии има работници во погоните како и пожарникари кои дошле да помогнат и случајни минувачи.

Тулапек е голем центар за производство на огномет, и несреќните случаи се релативно чести таму, имајќи предвид дека некои од жителите произведуваат пиротехнички средства во своите домови. Во јуни седум лица загинаа, а осуммина беа повредени во слични експлозии.