Свет 11. ноември 2019. / 11:30

Мексико му понуди азил на боливискиот претседател, Ево Моралес

Мексико му понуди азил на боливискиот претседател, Ево Моралес

Шефот на мексиканската дипломатија, Марсело Ебрард, порача дека неговата земја ќе му овозможи азил на претседателот на Боливија, Ево Моралес, доколку тој тоа го побара од нив.


Мексиканската Влада, предводена од претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, силно застана во одбрана на Моралес, кој по препорака на војската поднесе оставка и најави нови избори.

– Мексико го поздравува одговорниот став на претседателот на Боливија кој попрво избра да поднесе оставка отколку да го изложи својот народ на насилство – порача Лопез Обрадор на Твитер.


Мексико беше една од првите земји којашто му ја честиташе на Моралес победата на изборите на 20 октомври.

Ебрард изјави дека Мексико не ја прифаќа, како што кажа, воената операција што се спроведува во Боливија и дека не смее да дојде до пуч.