Разјарена група на граѓани во Мексико на клада запалила двајца мажи осомничени за криумчарење на деца.
Полициските претставници соопштиле дека настанот се случил во местото Акатлан во сојузната мексиканска држава Пуебла.
Поради основано сомнение дека вршеле киднапирање на деца, полицијата ги привела двајцата мажи на возраст од 53 и 21 година.
Во соопштението се наведува дека група од најмалку 150 граѓани провалила во полициската станица и ги киднапирала осомничените.
Истиот извор јавува дека мештаните ги полиле со бензин, а потоа ги запалиле двајцата осомничени за повеќе киднапирања на деца.
Истрагата е во тек, а дисциплинска постапка е подигната против челниците на локалната полициска станица кои не ја почитувале процедурата и не го спречиле инцидентот.