Илјадници мигранти од Хондурас и Гватемала се заглавени на јужната Мексиканска граница , каде полицијата ги спречуваше да влезат со солзавец.
Мексиканскиот амбасадор во Гватемала , Луис Мануел Лопез изјави дека мигрантите, жени и деца , биле регистрирани и ќе бидат пренесени во прифатни центри во централниот дел на земјата , во Тапачули.
Претседателот на САД , Доналд Трамп им се закани на мексиканските власти дека ќеја затвори границата , доколку земјата не се справи со илјадниците учесници во мигрантскиот марш од неколку земји од Јужна Америка.
Некои од мигрантите, со часови заглавени на мост меѓу Гватемала и Мексико скокаа , од мостот висок неколку десетици емтри во реката , за да допливаат во Мексико.
Таму се надеваат да добијат статус азил , по што можат да се пријават за бегалски статус во САД.