Свет 30. август 2018. / 22:08

Мексикански новинар убиен во популарно одморалиште

Мексикански новинар убиен во популарно одморалиште

Мексиканската медиумска куќа „Канал 10“ објави дека во популарното одморалиште Канкун бил убиен нејзин репортер и снимател.

Хавиер Енрике Родригез Ваљадарес е осмиот новинар кој загина во Мексико од почетокот на годинава.

-Семејството на Хавиер Енрике го извести сопственикот на Канал 10 дека вчера тој бил убиен, се наведува во соопштението.

Ваљадарес првенствено бил снимател, но исто така работел и на интервјуа и извештаи за политички прашања, соопшти „Канал 10“.

Според локалните медиуми, тој бил убиен на една од главните улици во градот.

Ваљадарес во последните три месеци е трет убиен новинар во државата Кинтана Ро.

Мексико се смета за една од најопасните земји за новинари. Минатата година во оваа држава беа убиени 17 медиумски работници, а од 2000 година повеќе од 100 новинари биле ликвидирани.