Мексиканската полиција во западниот дел на земјата , во Гвадалахара нашле најмалку 35 тела.
Истражителите при пребарување на една куќа нашле 27 тела , изјави обвинителот Жерардо Солис. Тој објасни дека на истата локација се бараат уште тела а дека до сега се идентификувани само двајца од убиените.
Во исто време , во центарот на градот , биле најдено остатоци од уште најмалку седум тела , но работата на полицијата на таа локација е отежната поради киселините во кои се фрлени , така што полицајците може да престојуваат на таа локација најмногу 30 минути. Уште едно тело било најдено југоисточно од градот Гвадалахара , каде биле уапсени четири лица.
Во моментов 40 000 лица во Мексико се водат за исчезнати . Само минатата година во земјата имало над 33 000 убиства , најмногу поврзани со дрога и организиран криминал.