Свет 22. септември 2019. / 10:48

Маж со автомобил влетал во џамија

Маж со автомобил влетал во џамија

Еден маж синоќа намерно со автомобил удрил во влезот на Големата џамија во Колмар во Франција, а во инцидентот никој не е повреден освен возачот.

Локалната полиција соопшти дека повредениот маж е уапсен на лице место, по што бил однесен во болница. За сега нема никакви информации за идентитетот на мажот, ниту за мотивите за нападот на џамијата, додава весникот.