Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Буенос Аирес , каде се одржува дводневниор самит на лидерите на 20 најразвиени земји во светот.
Над 25 000 полицајци ги обезбедуваат светските лидери , додека на улиците на Буенос Аирес се одржуваат масовни протести.
–Се противиме на политиката на Г20 , која го води светот кон поделби. Во Аргентина и во остатокот од светот недостига образование, храна и работа, поради политиките за кои се разговара на самитот, рече еден од демонстрантите.
Самитот во Аргентина се одржува кога во земјата владее голема инфлација од околу 40 проценти , а економијата е во опаѓање.
Полицијата , крајбрежната стража и граничната војска контролираат подрачје од околу 12 квадратни километри околу конгресниот центар Коста Салкверо каде се одржува самитот , а сообраќајот на реката Ла Плата е запрен.