Белорускиот претседател Александар Лукашенко се соочува со растечки притисок во земјата која ја очекуваат масовни протести викендов на кои ќе се побара крај за 26 годишното владеење на актуелниот претседател.
Протестите избувнаа по контроверзните избори на кои победи Лукашенко и бруталните обиди за пресметка со луѓето кои протестираат.
Околу 6700 луѓе се приведени во првите денови по изборите и беа однесени во притвори во кои има ужасни услови.
Сцените на насилни приведувања и полициско тепање деновите по изборите може да се сменат по вчерашниот масовен протест на кој не дојде до полициско насилство.
извор: РСЕ