Свет 22. мај 2018. / 12:19

Масовна евакуација во Колумбија – повеќе од 25.000 луѓе ги напуштија домовите (ФОТО)

Масовна евакуација во Колумбија – повеќе од 25.000 луѓе ги напуштија домовите (ФОТО)

Повеќе од 25 илјади луѓе се евакуирани во северозападниот дел на Колумбија околу локацијата каде се гради хидроцентрала, соопштија локалните власти.

Евакуацијата се однесува на четири од 12 општини кои се наоѓаат околу местото каде се гради најголемата брана во земјата, бидејќи постои опасност од поплави и свлечишта.

Централата Хидроитуанго, чија изградба почна во 2010 година би требало да покрие една третина од енергетските потреби на земјата. Еколошките здруженија се категорично против браната, поради што и одржаа серија протести.